Младиот и талентиран пејач Јасмин Алиевски сними видео запис за песната со која се претстави на Охридскиот фестивал во 2014-та година, а истата се најде на многу топ листи на радијата во Македонија. Песната го носи насловот “Давам се”, а е дело на Роберто Поп Димитров (музика и аранжман) и Огнен Неделковски (текст), додека за видео приказната се погрижи Компакт продукција од Кавадарци.
Специјално за снимањето, од салонот на “Dynamix” земен е најновиот модел на мотоцикл марка Ducati Scrambler 2016, а за да се состави целата приказна опфатени се кадри од Дежа Ву – Капитол Мол, тениското игралиште покрај реката Вардар кај Александар Палас, Маркова Сушица за накај Козјак, скопската општина Аеродром “кај авиончето”, но снимени се и сегменти во Кавадарци.
“Песната е нова, но сакав да ја оживеам на еден начин со правење на квалитетен видео запис. Беше прифатена од публиката и имаше многу позитивни реакции, па затоа долго време размислував за изработување на видеозапис. Задоволен сум како испадна целиот проект и се надевам дека на публиката ќе и се допадне”, вели Јасмин.
Во продолжение, погледнете го новото видео парче од овој млад и веќе докажан пејач.
Подготви: Редакција на Музика24