Музика на кирилица

Jaвните личности со емотивни пораки по повод 14 години од смртта на Тоше Проески (Фото+Видео)

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше Проески кој на денешен ден пред 14 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. По повод 14 години од смртта на Тоше Проески, македонските јавни се огласија со емотивни пораки на социјалните мрежи.

Каролина Гочева

Каролина на својот Инстаграм објави видео на која ја пее песната „Илузија“, а покрај објавата напиша:

„Песнава му ја засакав уште кога ја слушнав демо снимката пред повеќе од 20 години… Можеби не е од неговите најголеми хитови, но мене секогаш ме враќа во едно преубаво време и ми буди прекрасни спомени… Напишана од чичко Кире (Костов)… Илузија. За Тоше“.

Игор Џамбазов

Игор Џамбазов објави фотографија од Тоше, а во опсиот напиша:

„Ти почина без да умреш, а ние умревме без да починеме“.

Eлена Ристеска

Пејачката објави заедничка фотографија со пејачот, а во описот стави само едно срце.

Тамара Тодевска

Пејачката објави фотографија од Тоше проследена со поезија односно „Еден човек“ од Гане Тодоровски.

Јелена Томашевиќ

Познатата пејачка објави фотографија на која таа е застана и гледа во фотографија од концертот на Тоше Проески.

Огнен Здравкоски

Огнен објави фотографија со македонскиот пејач, а во описот напиша:

„Никогаш заборавен“.

Можеби ќе ве интересира:

Се вчитува....