Музика на кирилица

Јелмаз Дервиши: Да посветевме повеќе време и енергија на себе и на своите амбиции, да научивме да се поддржуваме и да учиме еден со/од друг немаше да живееме во ваква канцерогена реалност

Aлбанскиот водител Јелмаз Дервиши кој е и креативен директор на неколку спотови на Васил, на својот Фејсбук профил го напиша мислењето околу се она кое што се случува околу Васил Гавранлиев, уште пред една година, кога беше избран за представник, и тогаш имало негодувања.

Ви го пренесуваме во целост:

“Да се извиниме ако НЕ, што Васил Гавранлиев не учествуваше на вашите омилени “талент шоу” емисии како “Ѕвезде Гранда”, “Парови” или пак што не направи соработка со лимонада естрадни ѕвезди, за да ВИЕ почитувани колеги и инстант ПР професионалци би го запознале повеќе и би му оддале почит за неговиот талент и кариера. Не сум воопшто изненаден што вашето (не) истражување се сведува на детски евергрин хит, бидејќи дури и да ви ги наведеме сите фестивали и сцени на кој Васил има настапувано и не има претставувано повеќето нема да може да се снајдете.

Нажалост, нашата критика генерално за сé, а особено во уметноста е предводена од субјективни (нарачани) досетки и мрчења од “анонимни инлфуенсери„ кои каде за ташни, фустани, ручеци и по некоја карта гратис се спремни да ви испорачаат инста сензационална вест како би на туѓа сметка со ниски навреди ќе добијат на важност. Истите тие, освен што не ги знаеме кои се, не знаеме ни што тие имаат направено во и со својот живот. (приложете CV, портфолио, дијагноза итн).

И да не заборавам, извинете што Васил не е од Скопје, бидејќи сите други што направиле нешто значајно во земјава и за кои палите свеќи и добивате повеќекратни оргазми се токму од вашата соседна улица во Скопје. Неодамна гледам се наместивте на трепки и ги преплавивте социјалните мрежи со Атиџе, бидејќи и таа не е од Скопје (вклучетилно и тимот кој работеше на филмот “Медена Земја”). Да посветевме повеќе време и енергија на себе и на своите амбиции, да научивме да се поддржуваме и да учиме еден со/од друг можеби и немаше да живееме во ваква канцерогена реалност каде крвнички напаѓаме секоја здрава клетка што постои. Туку затоа постојат и караван и тие позади што лаат, на универзумот му треба баланс!”, напиша пред една година Дервиши на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира: