Музика на кирилица

Јилмаз Дервиши: “Што ќе правиме со 400 пораки и закани кон него на профилите на Гарванлиев?”

“Васил Гарванлиев деновиве буквално е линчуван од дел од јавноста. Неговата јавна изјава дека има и бугарско државјанство, а и спотот што потоа беше повлечен па изменет, ја стави музиката во позадина, но го извади говорот на омраза и булингот”, кој како што рече во емисијата “Стадион” на Канал 77, Јилмаз Дервиши, шеф на ПР тимот на Васил Гарванлиев, деновиве ги трпи пејачот.

“Никој не помисли кои ќе бидат последиците од линчот упатен кон него? Што ќе правиме со 400 пораки и закани кон него на профилите на Васил Гавранлиев? Дали некој ги чита коментарите и булингот што во мометов се одвива на социјалните медиуми? Дали некој ќе сноси одговорност за ова? Што доколку некој посегне посериозно и го нападне Васил Гарванлиев?”, кажа Дервиши.

На прашањето дали има страв за безбедноста на Гарванлиев и дали размислуваат за физичко обезбедување, Дервиши одговори:

“Васил секако дека во моментов е сигурен, но малку сме загрижени и го разгледуваме и тој аспект”, изјави Јилмаз Дервиши во емисијата “Стадион” на Канал 77.

Можеби ќе ве интересира: