Музика на кирилица

Јоце Панов – единствен македонски претставник на “Diamonds Voice” во Чешка

На седмото издание на Македонскиот радиски фестивал – МАРС 2014 кој се одржа на 25-ти ноември во Универзалната сала во Скопје, за најслушана македонска песна во регионот беше прогласена “Моја најдобра” на Јоце Панов.

“Ова е една од ретките награди што сум ги примил дома, обично ги носам од фестивалите на кои учествувам надвор од земјава”, изјави Јоце кој досега има повеќе од 15 награди на најреномираните фестивали во регионот. Јоце по завршувањето на Македонскиот радиски фестивал замина во Прага, Чешка каде што ќе биде единствен претставник од Македонија на реномираниот музички фестивал “Diamonds Voice”.

Извор: Вистина.мк

Можеби ќе ве интересира: