Музика на кирилица

Јоце Панов одржа целовечерен unpluged концерт на Радио Слободна Македонија (Видео)

За оние кој се љубители на добрата и квалитетна македонска музика, вчера вечер имаа можност да се дружат со феноменалниот изведувач Јоце Панов на unpluged забава на Радио Слободна Македонија. Она што беше интересно беа неговите авторски песни како “Ти пеам песна” , “Она прва што се памти” , “Љубовна религија”… меѓу кој најновата композиција “Ни љ од љубовта” која беше изведена на овогодинешниот Скопски фестивал.

Многу новости се поврзани со Јоце Панов така што 2015-та тој ја започнува турбо со многу проекти кој наскоро публиката ќе може да дознае за неговите следни случувања, но сега за сега неговиот најнов сингл е веќе хит низ сите радиостаници како и бр.1 на топ листата на Радио Слободна Македонија.

J 1“Чест ми беше што можев да се дружам со мооите фанови преку т.н. Live stream со што се надевам дека вакви настапи ќе има на повеќето радио станици кој имаат за цел според мене да ја зачуваат македонската музика која за жал е во пад поради напливот на српската фолк и поп естрада”, изјави пејачот Панев за време на концертот. За сите оние кој неможеа да го следат целиот настап на Јоце Панов заедно со неговиот бенд, ви прикажуваме целосна снимка од вчерашното емитување на Радио Слободна Македонија.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: