Музика на кирилица

Јоце Панов беше успешно опериран во Ре-Медика

По долго одложување, вчера пејачот Јоце Панов беше примен во приватната болница “Ре-Медика” за да се изврши операција на неговото колено. Операцијата ја изврши докторот Борислав Илиев кој го има оперирано Јоце на десното колено пред околу 5 години, но тогаш станувало збор за помала повреда, односно повреда на менискусот. Изведувањето на оваа операција беше доста специфично, посебно поради непослушноста на пејачот кој упорно ја одложуваше операцијата за да може да ја оддржи промоцијата во Струмица во соработка со ГИЗ РЕД и Југоисточен Регион, како и промоцијата на неговиот нов албум “Ватрени Печати” во Клуб Колектив во Белград.

“Операцијата траеше час и половина, презадоволен сум од условите што ми ги пружија во “Ре-Медика”, а и од докторот Борислав Илиев. Еве лежам, првите два дена ќе бидам непокретен и сеуште не ги чувствувам нозете од анестезијата, но мора така да биде за да не чувствувам болки. Ќе лежам до петок или сабота. Фала му на Бог, засега е добро”, изјави Јоце Панов. Менаџментот на Јоце Панов изразува голема благодарност до комплетниот тим на скопската клиника “Ре-Медика”.

Благодарение на нив, Јоце беше примен во вип апартман со интернет и телевизија. Вештиот тим на болницата му излезе во пресрет разбирајќи ја неговата неподнослива болка во коленото. Напредната технологија која ја поседува болницата, овозможи Јоце постојано на монитор во живо да ја следи операцијата и да биде сигурен дека се ќе се изведе во најдобар ред. Фотографиите ги направија медицинските сестри.

Подготви: Ивана Поповска

Можеби ќе ве интересира: