Музика на кирилица

Каде е, што прави и како изгледа денес некогаш познатиот Кико од “Македонски идол” (Фото+Видео)

Пред точно дестина години (2010-2011) во Македонија се емитуваше првото музичко реално тв шоу под лиценца во продукција на поранешната А1 Телевизија. “Македонски идол” беше емисијата која што со душа се чекаше да се емитува на телевизија, пред се оние дневни прегледи, а потоа и неделните, како и натпреварувањата во живо. Во првиот и засега единствен “Македонски идол” во жири комисијата беа вклучени Игор Џамбазов, Калиопи и Тони Михајловски.

Секој натправарувач си имаше своја публика, фанови и сите навиваа за некого. Од тоа музичко реално тв шоу денес на македонската музичка сцена често може да ги видиме Виктор Апостоловски, Јана Бурческа, Билјана Ѓошева…но само едно навистина симпатично, интересно, опуштено и слатко момче остави еден навистина преубав впечаток, и сите мислеа дека токму тој ќе ја понесе победата.

Христијан Кико Тодороски е момчето кое што се појави и од прва ги освои сите женски срца, имаше свои фанови, групи кои го следеа и навиваа за него, како и свои фан страници и групи на социјалните мрежи. Тој само со 18 години успеа да го достигне она што ретко кој можел да го направи на тие години. За жал поради пропаѓањето на тв А1 и незаинтересираноста од продуценските куќи, по завршувањето на “Македонски идол” извесен период Кико кој што токму тогаш ги користеше своите 5 минути незнаеше што и како со себе. По краток временски период, најпрво потпиша договор со продуценската куќа „Mak Music“ на Јован Јованов и Кристијан Стефановски, за пропаѓањето на истата Кико да премине во “План Б” продукција на Кристијан и Игор Стефановски, која исто така денес не постои и функционира.

Христијан како дел од веќе споменатите продуценски куќи објави неколку песни кој беа познати хитови, а веднаш потоа поради непознати причини се повлече и својот живот кој што го имаше во Скопје го замени со животот во Прилеп од каде и всушност и потекнува.

Денес некогаш ова препознатливо момче има 28 години, сеуште живее, работи и функционира во родниот и преубав Прилеп. Како што дознава музичкиот портал Музика24, Кико сеуште се занимава со музика, и секогаш кога е во можност и прилика пее и пред своето друштво и пред најблиските. Ако ова момче го паметите како од фотографиите погоре, со кратка коса… денес Кико има сосема поинаков имиџ, односно, тој има долга коса како вистински рокер, и поинаку стилизирана брада. Како Христијан Кико Тодороски денес изгледа, погледнете во продолжение:

Можеби ќе ве интересира: