Музика на кирилица

Кајмакоски со нов хит ?!

Пред само неколку дена македонскиот евровизиски претставник и надалеку познат пејач Даниел Кајмакоски на својот Инстаграм профил објави мало кратко видео од неговата најнова песна. Се крена голема прашина и секако сите фанови ширум балканот се заинтерсирани и сакаат да ја слушнат целосната верзија на неговата нова песна за која сеуште не е откриен насловот. Единственото нешто кое музичкиот портал Музика24 го дознава е тоа што оваа песна како што и самите можете да слушнете подолу на линкот, ќе биде снимена на српски јазик, а како текстописец на истата се потпишува Александар Милутиновиќ.

Во продолжение, уживајте барем накратко во видео парчето кое Кајмакоски го аплаудираше на својот Инстаграм профил, а се однесува на неговата најнова песна на следниот линк: Даниел Кајмакоски – нова песна.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: