Музика на кирилица

Како најава за албум со македонски народни песни Давид Темелков објавува ЕП „Елено ќерко” (Аудио)

Со авторската песна „Мојата Македонија” крунисана со Златна Бубамара, Давид не само што ја изрази љубовта кон татковината, туку најави и албум исполнет со едни од најубавите македонски народни песни.
Како своевиден вовед во сето она што доаѓа, Давид во овој предвелигденски период донесе дел од себе преточен во свој оригинален музички израз, пропратен со врвните уметнички аранжмани потпишани од Александар Јовевски.

За почеток ви открива три македонски народни песни: „Елено ќерко”, „Кога падна на Пирина” и „Налеј, налеј”.

Секој Македонец ја знае тежината што ја носат овие народни песни како неизоставен дел од македонскиот народен фолклор и историја. Споменатите песни се најава за албум со македонски народни песни што ќе им биде оставен во аманет на денешните генерации, но и на идните генерации македонци кои доаѓаат.

Можеби ќе ве интересира: