Музика на кирилица

Калиопи со два последователни концерти во Белград

Македонската поп дива Калиопи, ја продлжува својата турнеја низ регионот. Овој месец Калиопи ќе одржи два unplugged концерти во Белград на 25 и 26 ноември во „Коларац“. Билетите за првиот концерт на 25 ноември се распродадоа во рекордно време па затоа организаторите закажаа и втор последователен концерт.

Калиопи оваа година во склоп на турнеја низ регионот настапуваше низ целиот регион и тоа во: Бања Лука, Зеница, Белград, Сараево, Мостар, Тузла, Тиват и Котор.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: