Музика на кирилица

Калиопи ќе одржи концерт во “Комбанк арена” во Белград

Македонската поп-дива Калиопи продолжува со својата турнеја низ регионот. После неодамна најавената турнеја низ БиХ, Калиопи ќе одржи концерт во “Комбанк арена” – Белград. Букле е првиот и веројатно единствен македонски артист во изминативе години кој одржува толку многу концерти во соседството. Концертот е закажан за 9-ти ноември со почеток во 20 часот.

Минатогодишниот концерт на Калиопи во Белград медиумите го опишаа како: “магија Калиопи”, “музичка посластица” итн. Калиопи е препознатлива по исклучително моќната и емотивна интерпретација, како и посебната енергија и шарм.

Фото: Никола Томиќ

Можеби ќе ве интересира: