Музика на кирилица

Калиопи ќе одржи концерти во Ниш, Крагуеавац и Јагодина

Македонската поп-дива Калиопи Букле пред  големиот солистички концерт во Сава центар во Белград ќе одржи концерти и во српските градови: Ниш, Крагуевац и Јагодина. На 19-ти  октомври таа ќе настапи во Крагуевац во просторот “Позориште за децу”, следниот ден на 20-ти октомври во “Дом Војске”во Ниш, а на 21-ви октомври во Културниот центар во Јагодина. Калиопи останува лидер меѓу македонските поп изведувачи по настапи низ соседните земји.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: