Музика на кирилица

Калиопи направи вистинско шоу во Белград (Фото)

Македонската позната поп пејачка Калиопи деновиве е во Србија каде што го подготвуваше концертот кој што вчера вечер го имаше пред српската публика. Таа во интервју за српските медиуми откри дека освен музиката која е нејзино главно занимање, таа наоѓа време да следи и спорт, односно, таа призна дека често кога може ги следи настапите на светски познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и воедно таа преку интервјуто јавно го замолила познатиот тенисер за еден индивидуален тренинг.

“Гледам ракомет и кошарка и многу сум горда што кошаркарската репрезентација на Македонија со песната “Едно име имаме”, која ја направив со Гаро Тавитјан, како своја химна го освоија четвртото место на Европското првенство во кошарка”, изјавила Калиопи. Покрај тоа таа признала дека нејзина голема страст е тенисот и тоа посебно кога игра српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

“Новак го следам речиси манијакално, па некогаш се будам и во три часот наутро да ги гледам неговите натпревари. Пред три години почнав да играм тенис рекреативно, па би го замолила да го измалтретирам барем 15 минути на тренинг еден на еден. За возврат ќе му ја отпеам песната “Бато” на свадбата”, додала Калиопи.

Дали ќе и се оствари желбата на Калиопи незнаеме, но едно е сигурно, дека таа вчера вечер во преполната сала во Сава Центарот направила вистинско шоу и немало од присутните што не останал рамнодушен на старо-новите хитови од Калиопи.

Во продолжение погледнете ги неколкуте фотографии кои таа веднаш по концертот ги објави на фан страната на фејсбук.

Калиопи на вчерашниот концерт во Сава Центарот во Белград Калиопи на вчерашниот концерт во Сава Центарот во Белград Калиопи на вчерашниот концерт во Сава Центарот во Белград Калиопи на вчерашниот концерт во Сава Центарот во Белград Калиопи на вчерашниот концерт во Сава Центарот во Белград Калиопи на вчерашниот концерт во Сава Центарот во Белград

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: