Музика на кирилица

Калиопи признава: Не ми треба брак, уживам во слободата

Нашата позната македонска поп пејачка Калиопи Букле признава дека нема емотивен партнер. Таа за српски весник Блиц изјавила дека ужива во слободата, а на прашањето дали планира трет брак, нашата Калиопи изјавила:

“Многу ми е убаво, уживам во емоционалната слобода и духовниот мир. За трет брак не ни размислувам. Оваа состојба има многу предности, бидејќи сум си свртена пред се, себеси, што не беше случај ниту во првиот ниту во вториот брак. Денес се грижам за својот изглед и дух, вежбам и се трудам да живеам што поздраво. Во браковите заборавав дека сум жена, нежна и чувствителна, онаа која треба да биде женствена и дотерана, да се сака себеси и како таква да ги сака другите”, изјавила Калиопи. Пред речиси четири години Калиопи се разведе по вторпат. Во тој седумгодишен брак со актерот Васил Зафирчев немаше деца, а од првиот брак со композиторот Ромео Грил го има 22-годишниот Пако. Таа вели дека Пако е смислата на нејзиниот живот.

“Горда сум на својот однос со синот и мислам дека не постои поблиска и подлабока врска од таа која ние ја имаме. Тој е самостоен и живее во Швајцарија. Се гледаме, се посетуваме, летоска долго престојуваше кај мене и некои работи ги попримив од него”, додала Калиопи.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: