Музика на кирилица

Каролин Велковски ја преработи „Ќе ти дојдам вечер“ во класичен 2000`s RnB стил

После првата песна на мaкeдонски “Зора” на Каролин не и требаше многу време за да ја издаде и нејзината втора песна со наслов “Ќе ти дојдам”. Идејата за новата песна која е и нејзина втора песна на македонски и (помал дел на српски) на нашата Каролин потекнува од снимањето на кавер верзија на народната македонска песна “Ќе ти дојдам вечер” од Спасен Сиљановски.

По објавувањето на платформата Тик-Ток добива неверојатни половина милион прегледи и тоа беше доволна инспирација за Каролин да ја сними песната. Поточно текстот од рефренот е ист, но песната е во класичен 2000’s RnB стил – стилот кој ги одбележа нејзините тинејџерски денови. Секако дека Спасен беше контактиран околу авторските права.

Музиката и аранжманот се на Дони Балкан, текстот на Стефани Николиќ, микс и мастеринг на Сансимо. За песната е изработено музичко видео.

Промоцијата на песна се одржа во Штип, каде во една позитивна атмосфера во преполното кафуле Каролин ја имаше можноста да ја изведе песната, а и да отпее и многу други песни, загревајќи ја атмосферата до точка на вриење. Специјално за промоцијата беше направена торта со принт од каверот на песната и многу други пропратни реквизити на таа тема што ја одбележаа вечерта. Во продолжение ви доловуваме дел од атмосферата на промоцијата.

https://www.youtube.com/watch?v=m6e381o-eSQ

Каролин ни ветува за брзо време дека ќе издаде уште една нова песна на македонски со прекрасен видео запис и дека се почесто ќе биде присутна на македонската музичка сцена и по клубовите ширум државава.

Најновиот видео спот на Каролин можете да го погледнете со клик на следниот наслов: Каролин Велковски ја преработи „Ќе ти дојдам вечер“.

Можеби ќе ве интересира: