Музика на кирилица

Каролина го крена античкиот театар во Охрид на нозе (Видео)

Околу 4.000 посетители вечерва го имаа задоволството да присуствуваат на двочасовен концерт на најпопуларниот македонски женски вокал, Каролина Гочева. Концертот на македонското девојче го исполни антички театар во Охрид, а огромен број присутни го проследија вечерашниот настан и од околните куќи и тераси.

Антички беше на нозе цели два часа, во ритамот на песните од проектот “Македонско девојче”, но и дел од постарите песни, овојпат “освежени” во нов аранжман. Каролина ги почести присутните со прекрасните изведби на: “Вези, вези”, “Чалгиска”, “Две лири”, “Ако згрешам нека изгорам”, “Од нас зависи”, “Смеј ми се смеј”, “Кој да ми запее”… Публиката уживаше, пееше заедно со Каролина, бурно и долго ракоплескаше по секоја нејзина изведба, а на крајот не изостанаа и овациите и враќањето на бис.

Karolina_koncert ohridВечерашниот концерт беше втор од мини турнејата на Каролина Гочева низ Македонија. Пред еден ден таа настапи на историскиот локалитет Хераклеа во родната Битола, а на 2-ри авугст ја очекува празничен концерт во Дојран.

Извор: Охрид24

Можеби ќе ве интересира: