Музика на кирилица

Каролина е новото лице на компанијата Кожувчанка

Во “Клуб на новинари” се одржа Прес-конференција на која беше објавена соработката на нашето Македонско девојче – Каролина Гочева со компанијата со традиција Кожувчанка.

Присутните ги поздрави водителот Ненад Ѓеоргиевски по кој говореше одговорното лице за маркетинг од Кожувчанка, Ратко Мицев, посочувајќи дека работата и кариерата на Каролина Гочева се содејствува со функционирањето на компанијата во која работи, а тоа се љубов кон работата, посветеност и квалитет. Тој најави вклучување на Каролина во годинешните маркетинг активности и кампањи на компанијата Кожувчанка која оваа година прославува 20 години од нејзиното формирање.

Каролина, задоволна од оваа соработка, ги најави идните планови на матичната продукција Авалон во кои сега како поддршка ќе биде вклучена една од најбрзорастечките компании во нашата држава. Со размена на договорот за соработка се обрати и Генералниот директор на Кожувчанка, г-динот Митко Јанчев, кој за оваа нивна 20 годишнина најави одбележување со нивните производи: природната вода Изворска, соковите Синалко и Синета, минералната вода Кожувчанка и новото пиво на македонскиот пазар.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: