Музика на кирилица

Каролина со мини турнеја низ Македонија

Нашата позната македонска поп пејачка Каролина Гочева со проектот “Македонско девојче”, летово ќе има мини турнеја низ неколку градови низ Македонија. Станува збор за концерти во Битола (нејзиниот роден град), Охрид и Дојран. И тоа првиот концерт, односно, во нејзиниот роден град ќе се оддржи во четврток на 23-ти овој месец, каде Каролина со својот бенд ќе има голем самостоен концерт во античкиот локалитет – Хераклеа. Ден потоа, петок 24-ти јули Каролина ќе оддржи концерт во античкиот театар во Охрид.

Оваа мини турнеја Каролина ја завршува на големиот македонски празник Илинден, на 2-ри август, кога таа свој концерт ќе оддржи во Дојран во Градскиот парк, каде сите нејзини фанови од околните градови, а и пошироко ќе можат да го погледнат она што таа ќе им го претстави на сите присутни. Да ве потсетиме, влезниците се по цена од 300 денари, и истите можете да ги набавите и прекуи продажната мража на Купи карти за се.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: