Музика на кирилица

“Карпошово културно лето” и “Етноплоштад” со познати музички имиња

Како и секоја година, така и оваа, повеќето помали општини во Република Македонија организираат разно-разни активности и музички концерти и настани се со цел да ги анимираат своите граѓани, за подобро и поинтересно лето.

Во сабота започнува “Карпошово културно лето” со голем концерт на македонската музичката дива Калиопи на плоштадот “Делфина” во населба Влае, а како што не информираат од општина Карпош, во текот на целото лето до крајот на месецот речиси секојдневно ќе има интересни музичко-забавни активности за сите граѓани на оваа општина. Меѓудругото од музичката програма ќе ги издвоиме и рок концертот на групата “Никеја” кој ќе се оддржи на 18-ти август, концерт на фолк пејачите Благоја Груевски и Милица Кузмановска на 21-ви август, додека пак на еден ден пред затворањето на традиционалната манифестација жителите на оваа општина и секако сите скопјани ќе можат да уживаат во настанот насловен “Огнен Неделковски и новите дечки”, музичка вечер каде во придружба на Скандал састав песни од познатиот текстописец Огнен Неделковски пред публиката ќе пејат Даниел Кајмакоски, Боби Мојсовски и Давид Темелков, сите учесници на изминатите две сезони на тв шоуто “X Factor Adria”.

Zdravko ColicКон крајот на месецот, поточно 27-ми август, во Берово традиционално ќе се оддржи дводневниот фестивал “Етноплоштад”, каде што освен одлична здрава и вкусна храна, беровчани ќе понудат и одлична музичка програма каде на сцената на Градскиот плоштад, присутните ќе имаат привилегија во живо да ги видат и погледнат Есма Реџепова-Теодсиевска, Слаткаристика, Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Ај Кју… како и многу други, како главна музичка ѕвезда на манифестацијата одличниот Здравко Чолиќ, кој кон почетокот на месецов имаше неколку часовен концерт во Охрид.

Доколку сте дел од овие населени места, имате свој близок пријател, познаник или пак родина, тогаш со задоволство Ви препорачуваме да бидете дел од некој од настаните кои веќе погоре Ви ги споменавме.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: