Музика на кирилица

„Ќе ве најдам и ќе ве научам на памет“: Синот на Зафир Хаџиманов им се обрати на оние кои оставаат лоши коментари

Синот на Зафир Хаџиманов, Васил Хаџиманов, на „Фејсбук“ им возврати на сите оние кои деновиве оставаа недолични коментари поврзани за трагичното заминување на неговиот татко.

Тој отворено ја коментираше здравствената состојба на Зафир, ја кажа и вистината што стои зад неговото заминување како и неговата имунизација, но подолу во коментарот им се обрати и на оние кои недолично ја користат оваа ситуација и оставаат лоши коментари, велејќи дека лично ќе ги најде тие луѓе и ќе ги научи на памет.

„На сите болесници кои овде оставаат срамни коментари им порачувам дека мојот татко замина од овој свет како последица на болеста. Како тежок срцев болесник не можеше да ги издржи последиците од болеста. Дозата ја прими еднаш, што да знаете не е доволно за да се зашитите од оваа страшна болест. Доколку видам уште еден сличен коментар овде или било каде, лично ќе се погрижам да ве најдам и да ве научам на памет за тоа како се однесува и што не се изговора и не се пишува на ѕидот на по*ојник. Срамота нечовечка!“, стои во пораката на Васил.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: