Музика на кирилица

Ќерката на Симон Трпчески ќе не претставува на Детска Евровизија

Јавниот радиодифузен сервис Македонска радио телевизија ги избра Лара Трпческа и Ирина Давидовска за претставници на Македонија на Јуниорскиоот Евросонг 2022 година по предлог на Комисијата, а по претходно одржана аудиција.

Дуетот Лара Трпческа и Ирина Давидовска, поддржани од авторски тим од реномирани уметници ќе ја претставуваат земјава на Јуниорскиот Евросонг 2022 година што ќе се одржи на 11-ти декември во Ереван, Ерменија.
Пријавувањето за аудицијата траело од 14-ти до 21-ви јуни а аудицијата се одржала на 23-ти јуни во студијата на МРТ. Кандидатите ги оценувала комисија од три члена чии имиња можат да се објават по извршување на изборот но тоа не е сторено.

Можеби ќе ве интересира: