Нашиот македонски докажан и светски познат музичар, Кирил Џајковски оваа година ќе настапи на најголемиот музички фестивал во Европа, полскиот “Вудсток фестивал”. Оваа година фестивалот ќе се одржи на 4-ти август, а Џајковски како еден од најзначајните композитори, продуценти и диџеи на балканската електо сцена, ќе настапи на третиот ден од фестивалот каде што се собираат повеќе од 750 илјади посетители.
Инаку, “Вудсток фестивал” е еден од најголемите во светот со 18 годишна традиција и се одржува на поранешната полско-германската граница, Костшин над Одра во Полска. Организаторот на овој фестивал е полска невладина организација чија главна цел е да обезбеди високо квалитетна медицинска опрема за детските клиники во Полска, и верувајте дека во тоа им успева бидејќи само за еден ден тие обезбедуваат дури 10 милиони евра. “Вудсток фестивал” е некомерцијален, а годинава фестивалското мото се однесува на борбата за подобрување на условите за лекување на старите и изнемоштени лица.
Подготви: Виолета Трајкоска