Музика на кирилица

Кирил Митоски го претстави својот прв видео спот (Видео)

Младиот фолк изведувач Кирил Митоски неодамна сними видео спот за песната “Само љубов да не води” со која што настапи на фолк фестивалот “Валандово” во 2014-та година. Воедно со ова видео парче Митоски и официјално ја продолжува својата музичка кариера како соло изведувач. Инаку “виновници” за оваа одлична песна се Дарко Илиевски кој се погрижи за музиката и аранжманот, додека текстот го напиша Орце Зафировски.

Видео спотот кој всушност е видео приказна за вљубен пар е снимен на неколку локации во Скопје, односно, на преубавите Матка и Козјак под режисерската палка на Арт продукција. Во љубовната приказна во главните улоги се појавуваат преубавиот фитнес тренер Бојан Тодороски и прекрсната Ангела Јаневска, кои рака на срце, одлично си ја завршија својата работа и кои одлично го доловуваат моментот на заљубен пар и совршено се надополнуваат на љубовната песна.

Kiril MitkovskiОваа одлична песна која што подолг временски период беше на првото место на радио станиците ширум Македонија, слободно може да кажеме дека претствува голем хит. Во продолжение, Ви предлагаме да ја погледнете одличната љубовна приказна раскажана во “Само љубов да не води”.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: