Младата фолк ѕвезда Кирил Митоски кој е дел и од бендот Академци, пред извесен период беше дел од една незаборавна журка во Бугарија поточно во познатиот реномиран ресторан “Гоце Делчев”. Како што вели и самиот тој, бил изненаден од тоа како го прифатила Бугарскиот народ во кој изведувал познати староградски композици од македонската ризница.
Две вечери по ред минатиот викенд бил однапред резервирано каде се пеело до раните утрински часови заедно со неговите колеги од Бугарија Борјана Карпузова и Кристина Карпузова.
Впечатливо од се била изведбата на македонската фолк легенда Никола Бадев каде го привлекол вниманието со неговиот феноменален вокал, но и на веќе познати композиции од неговиот личен опус. Како што може да се види веќе Кирил Митоски има закажано и следни настапи во Бугарија со што може да се заклучи дека полека, но сигурно ја освојува Бугарската сцена.
Подготви: Редакција Музика24