По повод моменталната состојба со Изборот на песна за Евровизија, представникот Васил Гавранлиев на својот Фејсбук профил се огласи Владимир Блажев-Панчо од дуото ДНК, објавата ви ја пренесуваме во целост:
Деновиве се изначитав се и сешто за минатогодишниот, овогодинешниот и по се изгледа евровизискиот претставник за наредната година. Блиските го бранат што е нормално (да бил некој друг очите ќе му ги извадиле, ги знаеме кои се и како штракаат по ФБ за се и сешто), неутралните и објективните оправдано го искажуваат својот револт, бидејќи се осетија повредени на темата која и како е осетлива последниве неколку месеци. Кој стигне не подјебава па одозгора и уште некој “наш” притоа со наши пари треба да иде на тој натпреварот и со истите да се покријат сите теошоци, а и на оние кои ќе шетаат 14 дена со нив. Дали било намерно или ненамерно кажано од страна на Васил Гавранлиев никогаш нема да дознаеме, бидејќи штетата е веќе направена, непоправлива и сите се слагаме со тоа, а извинувањето верувам дека е непрофатливо за целата нација.
Исто така јас лично сакам да верувам дека не е тенденциозно, но како што кажав погоре за жал што и да каже, како и да се правда тоа нема да помине. Дека имал двојно државјанство и БГ пасош не е воопшто страшно, бидејќи имаат многу луѓе, а богами и политичари и знаеме зошто луѓето ги вадеа со една цел, а таа е да може да избегаат од оваа вукојебина каде владее се освен правда и каде освен детето и блискиот на некој функционер друг не може да просперира. Искрено највеќе од се ми е криво дека го навредуваат за неговата сексуална определба и тоа мислам дека тотално е непотребно и нечовечки, бидејќи и да е така тоа е негово лично право, избор и определба.Уште еднаш ќе повторам и веќе не пишувам на оваа тема, најголемиот проблем и виновник е во МРТВ кој по не знам кој пат испраќа и избира наш претставник по нивна желба, а не по оној регуларен натпреварувачки стандарден пат преку јавен избор на песна каде учество ќе земат повеќе артисти. Васил за оваа укажана можност требал да е луд да не ја прифати (бидејќи нема МК кариера која може да ја изгуби и оцрни и реално до пред да биде пратечки вокал на Тамара никој не го ни познаваше), а верувам и секој друг артист доколку му се укаже можност би ја искористил. Оваа година МРТВ објавија конкурс за песна од само 7-14дена (поправете ме ако грешам) трање со што ги потценија нашите композитори, продуценти, аранжери, текстописци и од старт се виде дека работата смрдеше и тоа како. За песната и неговите вокални способности нема да коментирам бидејќи тоа е ствар на вкус, а за вкусови стварно никогаш не треба да се дискутира. Јас еднаш кажав дека песната не е по мој кејф, а момакот пее сосема солидно.Жално е што МРТВ на чело со Мери Попова
која е долги години шеф на евровизиската делегацијата еднаш не излегоа јавно да кажат според кој критерум се бираат претставниците на евровизија, кои се условите и дали воопшто постојат или целата таа делегација потпаѓа под притисок на моменталната власт. Како и да е неколку години наназад се случуваат сериозни циркузи и еве еден јавен апел до МРТВ да објаснат на цела јавност и сите мои останати колеги КАКО СЕ СЛУЧУВА ИЗБОР НА ПРЕТСТАВНИК И КОИ СЕ УСЛОВИТЕ ЗА ИСТИОТ КОИ ВИЕ ГО БИРАТЕ ПО ВАША ЖЕЛБАФала многу.П