Музика на кирилица

Која е македонската наследничка на Цеца?!

Фолк пејачката Анастасија Петревска има многу сличности кога изгледот е во прашање со балканската фолк ѕвезда Цеца. Изведуваат различен вид на музика, но сепак во неколку кадри од спотот за песната “Да раскинем са њом” буквално изгледа како постара сестра на нашата фолкерка Анастасија Петревска. Анастасија полека, но сигурно го добива епитетот најубава македонска фолк пејачка, а како старее и созрева така се повеќе наликува на својата српска колешка.

Иако е повеќе години на естрадата, Анастасија се уште нема снимено ниту еден спот. Пријателите веќе подолго време се обидуваат да ја натераат да сними видео за некоја од нејзините балади, но публиката сигурно би сакала да ја види и во спот, сличен на последното видео на Цеца. Досега ја гледавме само мирната страна на оваа скромна убавица, но се надеваме дека наскоро ќе ја покаже и својата “дива” страна.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: