Музика на кирилица

Концерт за паметење на Каролина во Хераклеја (Видео)

Воодушевена публика, громогласни аплаузи, една поинаква димензија, враќање на бис – вака изгледаше вчерашниот концерт на Каролина Гочева во Битола. Македонското девојче во својот роден град во античкиот локалитет Хераклеја одржа концерт за паметење. Големиот број присутни уживаа во двата часа поминати со неа и нејзиниот бенд кои на вистински начин возвратија на атмосферата која ја создаде Каролина Гочева презентирајќи го своето дискографско минато и проектот “Македонско девојче”.

“Публиката уживаше, а исто така и ние. Кога имаме среќна публика ние сме уште посреќни. Мислам дека направивме одличен концерт и одлична енергија разменивме со публиакта. Секогаш концертите во Битола со нетрпение ги очекувам, бидејќи секогаш се случува некоја посебна приказна”, изјави Каролина Гочева за ТВ Орбис.

Велат дека кога еден естраден уметник настапува дома пред својата публика има најголема трема, но тоа не е така и за Каролина Гочева, барем овој пат. Таа за битолската публика вели дека е публика која знае да процени дали нешто е добро или лошо.

“Мојот свет”, “Штом сакаш”, “Умирам без тебе”, “И ќе биде се во ред”, “Остани”, “Не се враќаш”, “Две лири”, “Чалгија”… се само дел од песните кои беа дел од репертоарот на овој исклучителен концерт на Каролина Гочева. Македонското девојче вечерва ќе оддржи концерт во античкиот театар во Охрид, а мини турнејата ја завршува на големиот македонски празник Илинден, на 2-ри август, кога таа свој концерт ќе оддржи во Дојран во Градскиот парк.

За Музика24 од Битола: Ана Трајчевска, ТВ Орбис-Битола

Можеби ќе ве интересира: