Музика на кирилица

Концерт во Скопје за роденденот на македонскиот ангел Тоше Проески

Триесет и вториот роденден по ред на Тоше Проески ќе биде одбележан со концерт на 25-ти јануари во Скопје, пренесуваат српските медиуми, додека свечената манифестација ќе биде во неговото родно место Крушево.

На денот на неговиот роденден ќе биде претставен и албумот со најголемите хитови на Тоше досега, на кој ќе се најде и неговата досега неиздадена песна од 2006-та “Све је премало за крај”, за која е снимен и спот. Исто така, оваа година се очекува и објавување на книгата во чест на Тоше Проески, чиј автор е познатата македонска новинарка Соња Алексовска-Неделковска.

Дали српските и воопшто балканските медиуми се секогаш по информирани од нас кога станува збор за Тоше, тоа навистина незнаме или само станува збор за шпекулација и неинформираност во врска со овогодинешното одбележување и чествување на роденденот на нашата музичка легенда Тоше Проески.

Подготви: Катерина Митровска

Можеби ќе ве интересира: