Во организација на Горила продукција во спортската арена “Борис Трајковски” на 3-ти април, после цели осум години во Скопје, ќе се одржи голем концерт на една од најголемите ѕвезди на македонската естрада Владо Јаневски. Концертот на 3-ти на кој ќе го придружуваат најдобрите македонски музичари ќе биде прилика за сите фанови по долго време заедно со Владо да ги отпеат многубројните хит рефрени.
Неговите песни одамна веќе важат за евергрини кои живеат во срцата на сите вљубени, за кои веруваме ќе ја исполнат салата до последно место.
Ценејќи го придонесот на Владо Јаневски во афирмацијата на македонската музика, овој проект е поддржан и од Министерство за култура. Фановите ќе ја имаат таа можност да уживат во бројни изненадувања од технички аспект кои за прв пат ќе се случат во арената “Борис Трајковски”, но за тоа наскоро. Влезниците се продаваат во продажната мрежа на МK Тикетс, односно сите продажни салони на One низ Македонија, Jуготон ГТЦ 1- кат, Универзална сала во Скопје и многу други продажни места.
Подготви: Редакција Музика24