Музика на кирилица

Кристина Димитри повторно „распали“ по бившиот сопруг Даниел Кајмакоски: „Тој живее живот за да ми се докажува на мене, ако не си го сака првото, нема да го сака ни второто дете”

Девет години тврдеше дека е сингл, дека по разводот од пејачот Даниел Кајмаковски да биде „соло играчица“ и е многу подобро и дека исклучиво е фокусирана на кариерата, а не на љубовта, Кристина Димитри не додржа! Од мноштвото додворувачи расната тетовка падна на шармот на српската престолнина или поточно на новото момче, кое е токму по потекло од Србија

Максимално посветена на кариерата, на пеењето, снимањето нови песни и спотови и настапите, атрактивната тетовка само повремено јавно се занимаваше со сопствениот живот и животот на своето семејство, но не и на оној на некогашниот сопруг. Освен можеби во понекој стих од нејзините нови песни, кој во себе носи скриена порака упатена токму на оној кому најмногу би сакала да му ја упати… „Ми го е*а денот“ како асоцијација на првиот брак?!

И така се’ до најновата средба со камерата на „Бекстејџ“, каде Кристина одново ја отвори душата. Можеби вљубена „до уши“, ама и тоа како пис на јазик… Пејачката „не штедеше“ зборови, па одново „распали“  по бившиот сопруг.

Овој пат со арсенал од уште потешки обвинувања и констатации, кои предизвикаа бурни реакции… Едни  зашитнички се ставија на нејзина страна како мајка, други во одбрана нивниот Х-фактор идол… Кој кому му помил и подраг! Без оглед кој подобро се развел!

„Ако не си го сакаш првото, не можеш да го сакаш ни второто дете и мислам дека живее живот за нешто да ми се докажува мене, што мене ми е навистина многу тажно, затоа што едно дете секогаш ќе се прашува зошто мојот татко е таков?  Јас откога го знам доживував само лоши работи и сплетки, но мислм дека никој не може да биде толку моќен да ти наштети колку што Господ ти ги отвора вратите кога си праведен, така да…“ – е само дел од интервјуто на Кристина Димитри за „Бекстејџ“

 

https://www.instagram.com/reel/C5DTAWWM6Ks/?utm_source=ig_embed&ig_rid=c49855e5-ecb9-4df3-b2df-6966edba914c

 

Можеби ќе ве интересира: