Најпопуларното македонско дуо моментално на македонската музичка сцена “Куку Леле”, по релативно долга пауза повторно имаат нова песна. “Ќе ја откачам (Не сум нормален-Р’мбам ко црнец)” е насловот на новата песна која што Роберт и Панки ја пуштија во радиоетерот неодамна. Оваа песна како што велат тие, има две верзии и тоа првата подолгата која трае 6 минути и 15 секунди и втората верзија која често е пуштана на македонски радио станици трае 4 минути и 39 секунди. Комплетен автор на новата песна како и секогаш досега, така и овој пат се потпишува музичарот Роберт Саздов.
Инаку, ова е само една од мноштвото песни кои тие ги подготвуваат. Меѓудругото, како нови ќе се промовираат и преработени песни чии автор е Саздов кој што некогаш ги има напишано за познати музички имиња, а кога сме веќе кај нив тука се споменува и хитот “Долго чекав” песна што поп пејачот Брејк ја отпеа во средината на 90-те. “Куку Леле” за новата песна наскоро најавува и видео спот.
Подготви: Редакција Музика24