Музика на кирилица

Познатиот македонски поп пејач Ламбе Алабаковски доживеа сообраќајна несреќа

Поради лошите услови на патот и влажниот коловоз, познатиот пејач Алабакоски изгубил контрола и излетал од патот при што неговото возило завршило превртено на покрив. Пејачот е жив и здрав, без потешки повреди, но неговиот Рено Меган е целосно уништен. Веста за тешката сообраќајка на пејачот Ламбе Алабакоски со брзината на светлината се прошири низ медиумите, но и социјалните мрежи. Ламбе е познат по тоа што не сака многу да зборува, а и поради овој немил настан сите телефони му се исклучени.

“Изутрина одев да посетам еден дом со деца, хуманитарно. По пат имаше лизгав коловоз, возев според дозволеното, но се излизгав од патот на страна… ништо страшно, во ред сум, без гребнатинка. Не сакам да ги натажувам пријателите и блиските, Бог ме чува”, изјави Ламбе за порталот Вистина.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: