Музика на кирилица

Ламбе Алабаковски годинава ја заокружува со новата песна „Дејгиди” (Фото)

Познатиот и популарен македонски поп пејач Ламбе Алабаковски годинава ќе ја заврши успешно, со нова песна и видео спот. Станува збор за најновата песна „Дејгиди”. Аранжманот на оваа песна е со потписите на Дарко Димитров и Никола Мицевски, Димитар Андоновски беше задолжен за виолините, додека Нина Јанева ги пее придружните вокали. Видеото, пак, е со потписот на Зага продукција.

Оваа македонска песна, која воедно е и најава за она што ќе се случува следната година, но и затоа што месецов одбележа полни 19 години од првото појавување на домашната музичка сцена.

„Песната стоеше во фиока околу 12 години некако сѐ мислев сега, утре, задутре, но нјаверојатно требала да созрее за да се најде во етерот и пред мојата публика и сите оние кои ја сакаат македонската традиционална песна. Со оваа песна и официјално сакам да го најавам новиот проект што ќе излезе следната година, кога ќе одбележам еден убав јубилеј – 20-годишнина од почетокот на мојата професионална музичка кариера”, вели Ламбе.

25-ти декември (понеделник) е денот кога Ламбе Алабаковски во етерот ќе ја пушти песната со наслов „Дегиди“.

Можеби ќе ве интересира: