Музика на кирилица

Ламбе Алабаковски: Имам закани по животот, но не се плашам (Видео)

Во последното издание на YouTube проектот „Жешко столче“ каде гостин е познатиот и популарен македонски поп пејач Ламбе Алабаковски, македонската публика дознава информации кои досега немала прилика ниту да ги слушне или дознае од медиумите. Тој меѓудругото открива дека добива закани по сопствениот живот.

„Искрено, во последниот период добивам многу закани. Ми се закануваат со пораки. Не знам дали се тоа ботови или некој друг стои позади сето ова. Инаку не се плашам воопшто. Па макар би ме убиле, отруле или било што од тоа. Не се плашам, бидејќи си ја сакам својата земја и доколку би се случило било што од сето тоа, тоа ќе биде бидејќи сум загинал за неа ко што загинале многу луѓе порано. Не се плашам, но верувајте непријатно е да имаш секој втор ден такви заканувачки пораки. Некој на сево ова ќе рече не се жали за се она што ти се случува, оди пријави во полиција и нека ги прочитаат добиените пораки. Можеби и тоа е начинот што треба да го направам, но едноставно во последно време ги игнорирам. Ќе прашам некој попаметен што треба во иднина да превземам“, искрено открива Ламбе.

Тој во емисијата додава дека во идниот период планира да се посвети на македонската музика и што е можно почесто да твори и создава нови песни. Музички идол нема, но затоа пак инспирација за она што го прави го добива од љубовта кон музиката, кон песната.

Што друго кажа и одговори Ламбе во YouTube проектот „Жешко столче“, погледнете во продолжение:

Можеби ќе ве интересира: