Музика на кирилица

Лозано е ТАА најмомче за 2012-та година

Нашите медиумски партнери, тинејџерското списание ТАА по единаесетти пат организираше избор зa “ТАА најмомче” на годината, а читателките на списанието овој пат го избраа Влатко Лозаноски-Лозано за свое најмомче.

Во пораките кои ги испраќаа тинејџерите, тие истакнаа дека гласаат за Влатко зашто “е одличен пејач, има супер нов албум, му ги обожаваат песните”, ама и затоа што е “скромен, убав, сладок, има прекрасна насмевка…”.

Оваа година покрај Лозано, номинирани беа и Марко Марк, Дејан Манасков, Роберт Билбилов, Војдан и Дамјан Стојановски, Боби Мојсоски и Слаткар. Се гласаше цел месец преку смс, меил и Фејсбук пораки и преку анкетата на веб страницата на ТАА – www.taa.com.mk.

Досегашни ТАА најмомчиња се Тоше Проески, Петар Ѓошев, Ивица Смилкоски, Адријан Гаџа, Стефан и Марин Филиповски, Ламбе Алабаковски, Александар Белов, Христијан Тодоровски – Кико и Тони Зен.

Подготви: Виолета Трајкоска

Можеби ќе ве интересира: