Музика на кирилица

Лозано сними спот за “Ако не сум тој”

Ексклузивецот на План Б продукција и наш овогодинешен претставник на Евровизија, Влатко Лозаноски- Лозано деновиве го заврши снимањето на видео спотот за баладата “Ако не сум тој”, која се наоѓа на неговиот втор албум “Преку седум мориња”, а е авторско дело на хит-мејкерот Лазар Цветкоски. Мавровското езеро и стан во Скопје се двете локации на кои се работеше спотот чии што први кадри беа снимени во текот на летото.

“Ако не сум тој е една од моите омилени песни од вториот албум и задоволство ми е што баладата ќе добие и своја видео приказна. Сигурен сум дека тимот на Егзит Б Продукција ги долови емоциите кои преовладуваат во песната и мислам дека крајниот производ ќе и се допадне на публиката”, изјави Лозано за Музика24. Видео записот ќе биде промовиран за неколку дена, а покрај снимањето на спотот Лозано деновиве активно се подготвува за претставување на песната пред македонската јавност која тој и Есма ќе ја испеат на Евровизија 2013 во Малме – Шведска. Музика24 секако дека ќе ве информира за и околу промоцијата на ова ново видео парче, а во продолжение, уште еднаш преслушајте ја и потсетете се на хитовската “Ако не сум тој”.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: