Во сабота познатата македонска поп група “Куку Леле” ќе одржи голем концерт во летниот клуб “Централ парк” во Скопје. Добро познатите хитови на скопската публика “Р’мбам ко црнец”, “Постела од рози”, “Ти немаш појма”, “Цимери”, “Кучка неверна”, “Блесава си или не”… ќе има привилегија заедно во еден глас со популарното дуо да ги пејат веќе добро познатите старо-нови хитови.
Организаторот најавува 14 члена придружен бенд на ексклузивна сцена за журката која дефинитивно ќе го одбележи стартот на летната сезона со публика над 3.000 луѓе во главниот град на Македонија.
Подготви: Синиша Новевски