Музика на кирилица

Македонците во Виена славеа 8-ми март со Кирил Митоски (Фото)

Во преполната сала со убаво расположение и добра забава, околку 250-на македонци се забавуваа до утринските часови, а убавото расположение беше зачинето со македонските ора и песни. За жал, салата беше премала за сите кои сакаа да присуствуваат, но, сепак, се покажа добро волја и никој не беше вратен. На оваа прослава, мора да спомене, имаше припаднички на понежниот пол од Малме, Шведска како и од Скопје, Македонија.

Меѓу гостите беше присутна и амбасадорката на Република Македонија во Виена, Василка Попоска Тренеска, која ги поздрави сите прсутни и им го честита празникот на припадничките на понежниот пол.

Kiril MitoskiПолека, но сигурно салата, просториите и црквата на адресата Siemensstrasse 26, стануваат препознатливо место и собиралиште на Македонците во Виена, кои се повеќе и повеќе ги гледаат и сакаат како свои, стануваат, така наречено, еден вид семакедонсо катче за старо и младо. Црковниот управен одбор на МПЦО “Свети Наум Охридски” го честита 8-ми март, Меѓународниот ден на жената и им се заблагодарува на сите кој помогнаа околу организација на овој концерт.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: