Музика на кирилица

Македонка победи на популарен музички фестивал во Албанија

Младата и телентирана стружанка Венера, во тешка и голема конкуранција победи на популарен фестивал во Албанија. Таа на првата аудиција ја исполни песната “Lullaby of Birdland”, песна која многу изведувачи ја имаат преработено во својата кариера.

“Многу сум среќна, ова е едно од најдобрите изненадувања за мене. Немам зборови. Овој успех го посветувам на моите обожаватели, на сите оние кои ме подржуваа, на моето семејство, на моите блиски, на дедо ми и баба ми, како и на мојот покоен чичко”, изјави Венера.

Венера долго време се занимава со музика, а моментално таа е студент на музичката академија во Скопје.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: