Музика на кирилица

Мар од “Ангели” во Македонија? (Видео)

Се сеќавате на Мар од “Ангели” (Лали Еспосито)? Сигурно дека да, па токму таа по завршувањето на “Ангели” постигнува голем успех во музичката индустрија, а и како актерка не заостанува назад. Лали пред само неколку недели го промовираше својот втор албум под името “Soy” кој во истиот ден беше прогласен за најпродаван албум во Аргентина. Освен тоа како и првиот албум, така и овај постигна голем успех и низ цела Латино Америка, делови од Европа и Израел.

Ново за нејзиниот албум “Soy” е дека нејзините песни не престануваат да се бараат на македонските радиа. Веќе неколку денови најбарани песни се нејзините: “Unico”, “Soy”, “Revolucion” и други се дел од песните кои постојано се вртат низ радио станиците во земјата. Лали Еспосито знае за фановите во Македонија и со нетрпение чека некоја продукција да ја повика тука.

Lali Espósito“Не можам да замислам колку убаво би било да настапувам во Македонија”, изјави таа во интервју за “Pura Química”. Во продолжение, Ви оставаме да го погледнете целосното интервју од оваа позната тв емисија. Освен тоа, не престануваат и пораките на твитер од нејзините фанови од Македонија. Ја сакате Лали во Македонија? Можеби ќе се случи тоа наскоро.

https://www.youtube.com/watch?v=TkN6BDYgRaI

Подготви: Мартина Петровска

Можеби ќе ве интересира: