“На планина” е втората авторска песна на Кирил Трајковски Максим што излезе во етер за која има и видео запис. За видеото се погрижи Натали Башоски, музиката и текстот се на Кирил Трајковски, аранжманот е на Ветон Весељи каде воедно е изработена оваа песна, а истиот може да се погледне на You Тube.
Ова е втора соработка на младиот Кирил со овој тим, претходно тие заедно соработуваа за песната “Ех, да можам” чиј спот беше снимен во Њујорк. Овој пат локацијата е на македонско тло на планината Галичица, а во спотот освен членовите на бендот се појавува и поранешната мис на Македонија Елена Милошева попозната како водителката од тв емисијата “Фаци”.
Пораката на темата е со јасна цел: Да се тргнеме од загадената околина и да дишеме чист воздух. Во продолжение погледнете го веќе споменатиот видео спот на Кирил Трајковски…
Подготви: Редакција Музика24