Музика на кирилица

“МАРС” ги додели наградите за најдобрите во 2015-та

Вчера вечер во Македонската опера и балет вчера се одржа осмото издание на фестивалот “МАРС”, каде беа избрани овогодинешните радиски хитови од македонската музичка сцена. Четириесет радиостаници ширум земјата, како и публиката преку гласање на Facebook ги избраа овогодинешните победници.

Во продолжение, прочитате кој се беше награден на синоќешното осмо издание на овој македонски познат традиционален фестивал:

  • Награда “Ѕвезда што се раѓа” – Теа
  • Награда за Најдобра преработка на песна – Next Time “Ја излези Ѓурѓо”
  • Награда за најдобар Aр-Eн-Би, рап или латино хит – Тајзи “Амор”
  • Награда Радиски поп хит – Влатко Лозаноски Лозано “Како тебе нема друга”
  • Награда за најдобар Рок хит – Калиопи “Мојот дом”
  • Награда за најдобар Радиски хит од група – Ај кју “Колку пати”
  • Награда за најдобар Maшки вокал – Александар Тарабунов
  • Награда за најдобар Женски вокал, радиска балада и текст на годината – Елена Ристеска “Доживотно”
  • Награда за најдобар Регионален хит и радиски хит избран од публиката – Даниел Кајмакоски “10 лета”
  • Награда Апсолутен радиски хит и партнерство – Тамара Тодевска и ДНК “Фрази љубовни”
  • Награда за Трајни вредности – Мики Јовановски Џафер

Добитникот на наградата апсолутен хит добива награда од 60.000 денари, наградениот од публиката 30.000 денари, а наградениот автор на текст 10.000 денари.

Подготви: Редакција на Музика24

Можеби ќе ве интересира: