Музика на кирилица

“Mayday” нов рок бенд на македонската музичка сцена (Видео)

Неодамна македонската музичка сцена е побогата за уште еден нов рок бенд кој што има за цел да ја промовира македонската рок музика, на свој оргинален начин со авторска музика, а понекогаш и со снимање на кавери. Како што дознава музичкиот портал Музика24, тие скоро ја издадоа и својата прва песна, како и видеоспот за истата.

“Замислата е да снимаме само авторски песни. Имаме доста материјал за обработка, работиме веќе и на наредните песни кои се средуваат аранжмански. Македонската музичка сцена моментално е замрена, посебно рокот. Нема многу бендови и авторски песни, па пробуваме да придонесеме да се негува и одржува таа музика и кај нас колку што се може”, изјави Никола Младеновски, член на бендот.

Како млад бенд кој допрва треба да се докажува пред македонската публика која и те како е пребирлива, тие сакаат и работат на тоа еден ден да го достигнат тоа скалило, она ниво каде би се појавиле на препознатливите и надалеку познати: “Пивофест”, “Д Фестивал”, “ВиноСкоп”… како и многу други музички настано во Македонија и регинот.

Во продолжение, преслушајте ја нивната најнова песна “Можам без тебе”, а истовремено, погледнете го видеото за истата.

Можеби ќе ве интересира: