Музика на кирилица

Мијата Ве повикува со своја кореографија да учествувате во спотот за новата песна „Маска“

Новата песна на Мијата е насловена „Маска“. Се работи за поп – рок нумера поразлична од она што сме навикнати да го чуеме од неа. „Маска“ е инспирирана и на тема вирусот Ковид-19 кој нѐ засегна сите како алегорија за изразување на една друга подлабока тема, а тоа се женските права кои се посебно важни за секоја самосвесна жена како Мијата. Мијата е автор на музика и текстот, а аранжманот е на Дамир Пух и Наташа Миха. Миха исто така се јавува и како придружен вокал на новото музичко дело на Мијата.

Сакаш да сум вредна, сакаш да сум чедна

сакаш да сум дома и со ручек спремна, знам,
но не можам и не сакам…
Сакаш и да трепкам, прамени да редам,
мислење да немам, безгласно да седам, знам,
Но не можам и не сакам.

За многу повредни нешта сум родена.
И кога не сакам нешто јас не морам.

Рефрен:
Дајте ми МАСКА за да се прикријам
од овој просек што нѐ опкружува,
и никој нејќе да се подобрува,
а стално друг се обвинува.

Има ли визир, што ќе заштитува
од овој отров што нѐ опкружува,
и ретко гледам некој со визија
а стално друг се обвинува.

Песната од денес е во етерот на македонските радија. Засега песната е достапна само во mp3 верзија, но ќе биде ставена на сите музички стримери следната седмица.

Спот за новата песна ќе се снима за кратко време откако Мијата целосно ќе оздрави од опасниот вирус, но „Маска“ е безбедна за слушање, зашто Мијата веќе располага со неопходната доза антитела. Мијата ги повикува сите што сакаат да снимат своја кореографија на оваа песна, да го сторат тоа, да и испратат видео на [email protected]. Идејата е тие видеа да бидат имплементирани во официјалниот спот за „Маска“.

Можеби ќе ве интересира: