Музика на кирилица

Миле Кузмановски со две нови песни (Видео)

Екипата на Музика24 на неодамна завршениот “Пиво фест” имаше можност на кратко да поразговара со познатиот македонски фолк-пејач Миле Кузмановски. Ја искористивме приликата да го прашавме Кузмановски што има ново на музички план и на што работи во моментов.

“Јас сум секогаш задоволен од Прилеп и оваа публика, незнам по кој пат настапувам тука, но си поминувам прекрасно. Денеска промовиравме една песна и овде ја испеавме, а за околу една седмица ќе излезе уште една песна. А на одмор ќе одам некаде на крајот на август, после празникот Голема Богородица”, изјави Миле Кузмановски за Музика24.

Екипа на Музика24 и оваа година беше присутна на “Пиво фест” во Прилеп од каде Ви носиме ексклузивни содржини и интервјуа. Следете не.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: