Познатиот македонски фолк пејач Миле Кузмановски, во среда 11-ти фебруари ќе одржи промоција на најновото ЦД/ДВД под наслов “Шприцер”, точно напладне во ресторанот “Мандра”. Како што вели тој, ова претставува негово шестто по ред ЦД во неговата кариера. На него ќе има девет нови композииции и три песни бонус.
Тимот на автори е оној истиот со кој тој подолго време соработува, а меѓу нив ќе ги споменеме Александар Митевски, Миле Барбаровски, Драган Вучиќ, Владмир Дојчиновски – Дојчин… како и многу други.
Издавачи на ЦД-то односно ДВД-то се Сенатор Рекордс. Освен веќе постоечките видео спотови, Миле Кузмановски пред присутните новинари, пријатели и роднини ќе ја промовира и неговата нова песна “Готово е”, како и веќе снимениот спот за истата, која што е една од многуте субвенционирани од Владата на Република Македонија. Песната е дело на Љупчо Павловски, додека пак за видео спотот беше задолжена “Фабрика” продукција.
Како што ни открива пејачот, со новиот албум, неговите фанови и подржувачи ќе можат да добијат и ДВД на кое што се наоѓа последниот концерт од 2014-та година.
Подготви: Редакција Музика24