Музика на кирилица

Мите Пауноски ново име на македонската музичка сцена (Видео)

Поп пејачот Мите Пауноски е ново лице на македонската музичка сцена. Тој сними спот за песната “Далеку од очи, далеку од срце”. Песната е снимeна во студиото на Лазар Цветкоски, кој е автор на музиката и на аранжманот, а текстот е дело на Магдалена Цветкоска Ена.

Освен Мите, во спотот се појавува и убавата Дијана Најдова. Спотот се снимаше на повеќе локации: Маврово, Охрид, Струга и Кичево. Спотот го реализира Горила Филм. Мите Пауноски живее и работи во Австралија. Тој цврсто верува во своите идеали за многу нови синглови и спотови. А допрва се очекуваат многу убави рефрени отпеани од Мите.

Во продолжение погледнете го одличниот видео спот на младиот поп пејач за горе споменатата песна.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: