Музика на кирилица

Македонски композитор ги создава најголемите хитови во Бугарија (Фото)

Еден од најпознатите македонски композитори кои пред пет-шест години жареше и палеше со своите хитови во Македонија, денес гордо стои зад најголемите бугарски хитови кои излегуваат од познатата бугарска Планета Пајнер. Можеби веќе погодувате, станува збор за Оцко Василковски кој веќе долго време работи и живее во Бугарија, а веќе три години е во брак со познатата бугарска пејачка Кристиана со која што има и едногодишна ќеркичка.

Оцко со сопругата КристианаОцко стои зад големите хитови на Анелија, Преслава, Галин, Кристиана, Азис… а се повеќе и повеќе бугарските музичари сакаат да соработуваат со овој наш македонски композитор. На нашиот оцко му посакуваме многу здравје, среќа, успех и љубов и секако многу хитови.

*Моментално најголемиот бугарски хит, песната на Преслава “Режим неприлична”, всушност е дело на Оцко…

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: