Музика на кирилица

Македонските музички имиња снимија песна за борба против аутизмот

Дел од македонската музичка естрада со свој придонес се вклучи во борбата против аутизмот. По повод 2-ри април Меѓународниот ден за борба против аутизмот, во “Skopje City Mall” беше претставена песната која за оваа намена беше снимена од неколку познати македонски музички имиња.

Композицијата е дело на браќата Тавитјан, додека за текстот се погрижи Фани Христова, а оваа песна ја исполнуваат Влатко Лозановски, Мики Јовановски – Џафер и Ребека. Освен оваа песна, здружението “Во мојот свет”, како што и всушност го носи насловот песната, планира да сними и видео спот за истата.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: